• петок, 05 декември 2025

Најмалку 25 повредени во експлозија во бар во Мадрид (ДПЛ)

Најмалку 25 повредени во експлозија во бар во Мадрид (ДПЛ)

Мадрид, 13 септември 2025 (МИА) – Најмалку 25 лица се повредени при експлозија во бар во Мадрид, јави весникот „Паис“ повикувајќи се на полицијата. Тројца од повредените се во тешка состојба.

Според првичните информации, експлозијата е предизвикана од истекување на гас.

Претходно денеска шпанското издание „Мундо“ информираше за најмалку 21 повреден.

Инцидентот се случил во 15:01 часот во бар на улицата „Мануел Марото“ во мадридската населба Пуенте де Валекас. Експлозијата ја зафатила и станбената зграда над локалот.

Регионот е обезбеден од полицијата, а пожарникарите рачно ги расчистуваат урнатините бидејќи објектот е нестабилен и небезбедно е да се користи механизација. Жителите на горните катови се евакуирани.

Одделот за цивилна заштита на Мадрид објави фотографии од местото на инцидентот на социјалната мрежа „Икс“. Снимките покажуваат дека барот е речиси целосно уништен. ссм/

фото: ДПА

Остани поврзан