• четврток, 19 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Најмалку 23 загинати во израелски напади врз кампови во Појасот Газа

Најмалку 23 загинати во израелски напади врз кампови во Појасот Газа

Газа, 17 април 2025 (МИА) - Најмалку 23 лица, меѓу кои жени и деца, се убиени денеска во израелски напади врз кампови во кои се сместени раселените семејства во северниот и јужниот дел на Појасот Газа, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Сите тела изгореле како последица на пожарот што избувнал во шаторите по бомбардирањето, соопшти Министерството за здравство, пренесува палестинска новинска агенција.

Во северниот дел на Газа, шест членови на исто семејство се убиени додека спиеле во својот шатор во градот Беит Лахија. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан