• среда, 17 декември 2025

Најмалку 22 загинати во нови судири во близина на Дамаск, тврди Центарот за мониторинг на човековите права

Најмалку 22 загинати во нови судири во близина на Дамаск, тврди Центарот за мониторинг на човековите права

Дамаск, 30 април 2025 (МИА) - Дваесет и две лица се убиени во судири на периферијата на Дамаск, додека вооружени групи нападнаа цивили и припадници на безбедносните сили, соопшти денеска Центарот за мониторинг на човековите права, јави ДПА.

„Шеснаесет припадници на сириските безбедносни сили и шест припадници на заедницата Друзи се убиени во судирите“, изјави за ДПА раководителот на Сириската опсерваторија за човекови права, Рами Абдел Рахман.

Претходно сириска новинска агенција јави дека 11 лица се убиени.

Вооружени групи од вчера пукаат врз цивилни возила и возила на службата за јавна безбедност на патиштата, додека други напаѓачи нападнаа контролен пункт во градот Сахнаја, јужно од главниот град, објави агенцијата. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан