• петок, 05 декември 2025

Најмалку 21 лице загинаа во сообраќајка во Нигерија

Најмалку 21 лице загинаа во сообраќајка во Нигерија

Лагос, 7 јули 2025 (МИА) - Најмалку 21 лице загина во сообраќајна несреќа во Нигерија, соопштија официјални лица.

Камион и автобус се судрија во северозападната држава Кано.

Властите соопштија дека прелиминарната истрага открила дека возачот на автобусот возел во погрешна лента и се судрил челно со камионот.

Само три лица ја преживеале несреќата со повреди, додека 19 мажи и две жени загинале.

Несреќите се чести на главните патишта во Нигерија, а во 2024 година, 5.421 лице загинало низ целата земја во 9.570 несреќи, според официјалните бројки. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан