• петок, 05 декември 2025

Најмалку 19 мртви, 42 исчезнати откако брод со мигранти потона кај Либија

Најмалку 19 мртви, 42 исчезнати откако брод со мигранти потона кај Либија

Триполи, 20 септември 2025 (МИА) - Телата на 19 лица се пронајдени откако гумен чамец со мигранти потона кај источниот брег на Либија, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Бродот, кој превезувал повеќе од 70 граѓани на Судан и Јужен Судан, испловил на 9 септември и потонал истиот ден, изјави портпарол на ИОМ.

Четиринаесет лица беа спасени пет дена подоцна, а 42 други сè уште се водат како исчезнати. Не е јасно како спасените успеале да преживеат во море толку долго.

Либија е главна транзитна точка за мигрантите кои се обидуваат да стигнат до Европа, бегајќи од војната и сиромаштијата во Африка и Блискиот Исток.

Либиската Црвена полумесечина објави на својата Фејсбук страница во понеделникот дека добила итен повик од властите во Тобрук, околу 60 километри западно од Камбут, за да ги пронајде телата. Властите и Црвената полумесечина често соработуваат во операциите за спасување и опоравување. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан