• недела, 22 декември 2024

Најмалку 15 луѓе загнинаа при напад на екстремистите во Буркина Фасо

Најмалку 15 луѓе загнинаа при напад на екстремистите во Буркина Фасо
Уагадугу, 19 мај 2021 (МИА) - Најмалку 15 луѓе вчера загинаа откако исламски екстремисти нападнале членови на христијанска партија во Тин Акоф, во северниот дел на Буркина Фасо. Се уште ниту една група нема преземено одговорност за нападот. Тоа е четврти напад врз цивили овој месец во Буркина Фасо. Се претпоставува дека нападот го извршиле припадници на екстремистичка група поврзана со Ал Каеда и со Исламска држава. Изминатите недели се интензивираа нападите од екстремистите во регионот Сахел, како и во источниот дел на Буркина Фасо. Поради насилството повеќе од еден милион луѓе се раселени, а десетици илјади гладуваат. ми/

Остани поврзан