• сабота, 18 мај 2024

Најмалку 15 жртви во автобуска несреќа во Италија

Најмалку 15 жртви во автобуска несреќа во Италија

Рим, 3 октомври 2023 (МИА) – Најмалку 15 лица загинаа, а десетици се повредени во автобуска несреќа што се случи вечерва во Италија.

Автобус со многу луѓе вечерва околу 20 часот излетал од надвозникот Либерта во Местре и по пад од 10 метри, паднал на железничката пруга и се запалил.

Според првите информации, загинале најмалку 15 лица, од кои некои се изгорени, додека четириесетина се повредени. јт/

Фото: Х

Остани поврзан