• сабота, 18 мај 2024

Најмалку 14 загинати во сообраќајка во Бангладеш

Најмалку 14 загинати во сообраќајка во Бангладеш

Дака, 17 април 2024 (МИА) – Најмалку 14 лица загинаа, а 20 се повредени во сообраќајна несреќа што се случи денеска кога камион удри во неколку рикши во јужната област Џалакати во Бангладеш.

Шест лица загинаа на лице место во несреќата што се случи во 02:00 часот по локално време, а останатите осум починале во болница, информира полицијата, пишува бангладешката државна агенција БСС.

Во акцијата за спасување учествувале три единици на противпожарната служба, а во несреќата се повредени уште 20 лица. јт/

Фото: БСС

Остани поврзан