• петок, 05 декември 2025

Најмалку 11 пакистански војници убиени во судири во близина на авганистанската граница

Најмалку 11 пакистански војници убиени во судири во близина на авганистанската граница

Исламабад, 10 октомври 2025 (МИА) - Најмалку 11 пакистански војници беа убиени во судири со милитанти во близина на авганистанската граница.

Министерството за одбрана на талибанскиот режим во Кабул го обвини Исламабад за „кршење на територијалниот суверенитет на Кабул“. Вчера во авганистанскиот главен град се случија две експлозии, за кои никој не ја презеде одговорноста.

-Пакистан повторно навлезе во авганистанскиот воздушен простор со гранатирање на мирен пазар во покраината Пактика, во близина на линијата Дуранд, и го наруши територијалниот суверенитет на Кабул, изјави министерството на „Х“.

„Ова е невиден, насилен и провокативен чин. Силно го осудуваме ова кршење на авганистанскиот воздушен простор и одбраната на нашата територија е наше право“, се додава во соопштението. мс/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан