• четврток, 26 март 2026

Најмалку 11 загинати во пожар во фабрика во Египет

Најмалку 11 загинати во пожар во фабрика во Египет

Каиро, 26 септември 2025 (МИА)  – Најмалку 11 лица загинаа во пожар што избувна во фабрика за текстилно боење во градот ал-Махала ал-Кубра, во делтата на Нил, соопштија денеска локалните власти.

Во несреќата, која предизвика делумно уривање на фабричката зграда, повредени се уште 33 лица. Се води потрага по можни преживеани.

Причината за пожарот сè уште не е позната.

Приватниот весник „Ал-Шурук“ јави дека можно е пожарот да бил предизвикан од електричен дефект, што довело до експлозија на котел и уривање на неколку ката од објектот. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан