• вторник, 23 јули 2024

Најмалку 10 повредени во пукотница за време на победнички собир на освојувачите на Супербол во Канзас Сити

Најмалку 10 повредени во пукотница за време на победнички собир на освојувачите на Супербол во Канзас Сити

Канзас Сити, 14 февруари 2024 (МИА) - Најмалку 10 луѓе се повредени во пукање со огнено оружје на собир на победниците во Супербол - Канзас Сити, соопшти локалната полиција.

Полицијата во Канзас Сити објави дека биле регистрирани пукотници во близина на станицата Унион, каде што само неколку моменти претходно играчите на Канзас Сити - Чифс (американски фудбал) им се обратиле на навивачите.

„Секој кој е во близина треба да ја напушти областа што е можно побрзо за да го олесни пристап на медицински тимови за жртвите од пукањето“, објави полицијата на X, поранешен Твитер. Полицијата соопшти дека „две вооружени лица“ биле приведени по инцидентот. зш/

Остани поврзан