Најмалку 10 луѓе загинаа при истекување на токсичен гас во јорданското пристаниште Акаба
- При истекување на токсичен гас во јорданското пристаниште Акаба загинаа 10 луѓе, а најмалку 250 се повредени
Аман, 27 јуни 2022 (МИА) - При истекување на токсичен гас во јорданското пристаниште Акаба загинаа 10 луѓе, а најмалку 250 се повредени.
Несреќата се случила кога резервоар полн со токсичен гасовит материјал падна за време на транспортот.
Јорданскиот премиер Бишар ал Хасауне нареди формирање на специјална комисија, која ќе го истражи инцидентот. ми/