• недела, 22 декември 2024

Најмалку 1.000 жртви во земјотресот во Сирија

Најмалку 1.000 жртви во земјотресот во Сирија

Дамаск, 6 февруари 2023 (МИА) – Во земјотресите што денеска ги погодија Турција и Сирија, загинаа повеќе од 1.000 луѓе само во северна Сирија.

Бројот на загинати во областите под контрола на владата се искачи на 570, соопшти Министерството за здравство на земјата.

Во деловите под контрола на бунтовниците во северозападниот дел на земјата, според спасувачката група „Бели шлемови“, загинале најмалку 430 луѓе.

Контролата на северна Сирија е поделена меѓу владата, силите предводени од Курдите и другите бунтовнички групи кои се во конфликт. јт/

Остани поврзан