• вторник, 12 ноември 2024

Најмалку четворица загинати при руски напад врз регионот Одеса

Најмалку четворица загинати при руски напад врз регионот Одеса

Киев, 11 октомври 2024 (МИА) – Најмалку четири лица загинаа, а 10 се повредени во синоќешните руски напади врз регионот Одеса.

- Непријателот со балистички проектили ја гаѓаше Одеската област. Четири лица загинаа, меѓу кои и една тинејџерка, објави регионалниот гувернер Олег Кипер на Телеграм.

Тој додаде дека во луѓето се заробени под урнатините на уништената двокатна станбена зграда.

Руската армија ги интензивира нападите врз јужна Украина, при што се оштетени цивилни бродови во пристаништата во регионот на Одеса. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан