• петок, 05 декември 2025

Најмалку четворица загинати во пожар во Хонг Конг (ДПЛ)

Најмалку четворица загинати во пожар во Хонг Конг (ДПЛ)

Хонг Конг, 26 ноември 2025 (МИА) – Голем пожар во квартот Тај По во Хонг Конг ескалираше на петто, највисоко ниво на опасност. Според најновите официјални информации, најмалку четири лица загинаа во пожарот, а неколкумина се повредени.

Во зградите што горат заробени се 13 луѓе, меѓу кои две бебиња о повозрасни станари и околу 14 мачки.

Комплексот се состои од осум станбени згради, во кои се сместени околу 2.000 домови во кои живеат приближно 4.000 луѓе

Огнот зафати неколку згради од станбениот комплекс Ванг Фук Корт.

Комплексот бил во фаза на реновирање, а на зградите биле поставени скелиња од бамбус. Што традиционално се користат во градежништвото поради лесниот и цврст материјал и брзото поставувањешто.

Претходно, Владата на Хонг Конг размислуваше за постепено отстранување на скелињата од бамбус поради безбедносни ризици. ми/јт/

фото: ЕПА

Остани поврзан