Најмалку тројца повредени во украински напад врз Белогордска област
- Три лица се повредени во синоќешниот украински напад со дронови врз Белгородската област, изјави гувернерот Вјачеслав Гладков

Москва, 18 март 2025 (МИА) – Три лица се повредени во синоќешниот украински напад со дронови врз Белгородската област, изјави гувернерот Вјачеслав Гладков.
Тој додаде дека еден од повредените е хоспитализиран.
Претходно, руската армија соопшти дека во текот на ноќта соборила 46 украински дронови над Брјанска, Белгородска, Курска и Орилска област. ми/
фото: МИА архива