• понеделник, 23 декември 2024

Најмалку тројца загинати при експлозија на мина во Азербејџан

Најмалку тројца загинати при експлозија на мина во Азербејџан
Баку, 4 јуни 2021 (МИА) - Три лица загинаа, од кои двајца новинари и еден локален владин претставник во експлозија на мина во азербејџанскиот дел од градот Калбајара, што се наоѓа на територијата од каде во ноември се повлекоа ерменските сили. Снимателот на државната телевизија АзТВ и дописникот на државната Азербејџанска новинска агенција загинаа кога нивното возило налета на противтенковска мина. При инцидентот загина и еден претставник на локалната власт, а четири лица се повредени. Министерството за надворешни работи на Азербејџан за експлозијата ја обвини Ерменија, истакнувајќи оти со намерно подметнување на мина ја прекршила Женевската конвенција. Инцидентот се случи во време на зголемени тензии во поширокиот регион, а Азербејџан и Ерменија изминатите седмици меѓусебно се обвинуваат за прекугранични упади, што е показател за кревкиот мировниот договор потпишан минатата година по шестнеделните борби меѓу ерменските сили и азербејџанската војска. ми/

Остани поврзан