• среда, 17 јули 2024

Најмалку тројца загинати во експлозија на пазар во Доминиканската Република

Најмалку тројца загинати во експлозија на пазар во Доминиканската Република

Санто Доминго, 15 август 2023 (МИА) - Најмалку три лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени во експлозија на пазар во близина на главниот град на Доминиканската Република. Силна експлозија проследена со пожар се случи во пекара во градот Сан Кристобал, кој се наоѓа западно од Санто Доминго, соопштија официјални лица.

По експлозијата се издигна густ црн чад, кој остави јагленисани автомобили и урна згради во областа. Причината за експлозијата се уште не е позната.

Во областа позната како Стар пазар, загинаа едно четиримесечно бебе и двајца возрасни со 90 отсто изгореници.

Се очекува да се зголеми бројот на жртви, бидејќи пожарникарите не успеале да влезат во сите згради. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан