• понеделник, 01 јули 2024

Најмалку три лица загинаа при превртување цистерна со гориво во Иран

Најмалку три лица загинаа при превртување цистерна со гориво во Иран
Техеран, 9 јануари 2022 (МИА) - Најмалку три лица загинаа, а неколку куќи беа запалени кога цистерна со гориво се преврте во западен Иран, јави иранската новинска агенција Фарс. „Возачот на камионот и двајцата патници во другото возило загинаа, пожарот е изгаснат, но неколку куќи се оштетени“, изјави за Фарс шефот на противпожарната и итната служба во градот Санандај. Властите претходно изјавија за иранската државна телевизија дека во западен Иран се превртела цистерна со гориво, при што загинал возач и биле запалени неколку куќи во близина. „Содржината на цистерната се излеа кон куќите и се запали“, изјави ирански претставник за вонредни состојби за државната телевизија. Тој рече дека се испратени пет возила на брза помош и дека на терен се три возила за спасување, како и пожарникари. паг/  

Остани поврзан