• вторник, 24 декември 2024

Најмалку три жртви во невремето Денис во Велика Британија

Најмалку три жртви во невремето Денис во Велика Британија
Лондон, 18 февруари 2020 (МИА) – По невремето Денис во Велика Британија следуваа предупредувања за поплави опасни по живот, а бројот на загинатите се искачи на три лица, откако е пронајдено телото на 55-годишна жена, која од неделата беше пријавена дека е исчезната. Во понеделникот беа издадени околу 480 предупредувања за поплави низ Англија, што досега е најголем број. Метеоролозите предвидуваат дека нивото на реките и понатаму ќе расте, најмногу во делови од северна Англија. Жителите на Велс и западниот дел на Англија ги расчистуваат последиците од поплавите по невремето што ги поплави патиштата, железниците, домовите и го наруши сообраќајот низ Велика Британија. Во Германија пак, во невремето Денис повредени се девет лица. Невремето предизвика проблеми и во сообраќајот на траекти меѓу Данска и Норвешка. јт/

Остани поврзан