• петок, 22 ноември 2024

Најмалку три деца ранети во пукањето во училиштето во Финска

Најмалку три деца ранети во пукањето во училиштето во Финска

Хелсинки, 2 април 2024 (МИА) - Најмалку три деца се повредени во инцидентот во основно училиште во финскиот град Вантаа, северно од главниот град Хелсинки, соопшти полицијата, пренесе ДПА 

Осомничениот за нападот е приведен и се дознава дека е малолетник.

Пукање се случило во училиште во областа Виертола, во градот Вантаа, соопшти финската полиција.

„Полицијата е на лице место и врши увид. Се замолуваат граѓаните да бидат подалеку од областа и во затворен простор. Вратите не треба да се отвораат за странци“, се наведува во полициското соопштение.

Ванта има околу 250.000 жители и е дел од пошироката област Хелсинки. 

Финскиот јавен радиодифузен сервис Иле известува дека во училиштето работат околу 90 лица.сд/

 

 

Остани поврзан