Најмалку пет лица загинаа на протестите во Судан против воената хунта (ДПЛ)
- Најмалку пет луѓе загинаа, а неколкумина се повцредени откако суданските безбедносни сили употребија боева муниција и солзавец за да ги растераат демонстрантите кои протестираа поради зацврст
Картум, 13 ноември 2021 (МИА) - Најмалку пет луѓе загинаа, а неколкумина се повцредени откако суданските безбедносни сили употребија боева муниција и солзавец за да ги растераат демонстрантите кои протестираа поради зацврстување на воената власт во земјата.
Судирите избија која илјадници продемократски демонстранти повторно излегоа на улиците ширум Судан да протестираат поради минатомесечното преземање на власта од страна на армијата.
Протестите се организирани два дена откако лидерот на воениот удар генерал Абдел Фатах Бурхан се прогласи за шеф на Суверениот совет (суданската преодна влада).
Денешните протести се организирани од Суданската професионална асоцијација и така наречените Движења на отпорот. Двете групи го организираа и бунтот против поранешниот претседател Омар ал Башир во април 2019 година, а на нивниот повик се приклучија и други политички партии и движења.
Од воениот удар, според суданските лекари и Обединетите нации, убиени се најмалку 14 луѓе. ми/