• петок, 05 декември 2025

Најмалку петмина загинати во нападот врз конвој на ОН со храна во Судан

Најмалку петмина загинати во нападот врз конвој на ОН со храна во Судан

Женева, 3 јуни 2025 (МИА) – Пет лица загинаа, а уште неколкумина се ранети, во синоќешниот напад врз конвој со храна на ОН, наменет за суданскиот регион Ел Фашер, кој е зафатен од масовна глад, соопштија денеска во заедничка изјава две агенции на ОН.

Во изјавата на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) и Светската програма за храна на ОН не се наведува кој стои зад нападот, а двете агенции повикаа веднаш да почне истрага за случајот.

Претходно денеска, портпаролка на УНИЦЕФ изјави дека конвојот со камиони на Светската програма за храна бил нападнат во областа Ал Кома, Северен Дарфур, додека чекал дозвола да го продолжи својот пат кон Ел Фашер. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан