• четврток, 26 март 2026

Најмалку петмина загинати во израелски напад во Либан

Најмалку петмина загинати во израелски напад во Либан

Бејрут, 8 август 2025 (МИА) - Најмалку пет лица загинаа во израелски напад во Либан, објави синоќа либанското Министерство за здравство.

Според Министерството за здравство, уште 10 лица се повредени во израелскиот напад врз граничниот премин Масна, кој се наоѓа на либанско-сириската граница.

Израелската армија сè уште не го коментирала нападот.

Од крајот на ноември минатата година е во сила прекин на огнот меѓу Израел и либанската вооружена група Хезболах, поддржана од Иран. Сепак, израелската армија вели дека продолжува да напаѓа цели и позиции на групата во различни делови на Либан. Нападите резултираа со бројни смртни случаи и повреди.

Синоќешниот напад доаѓа откако либанската влада го одобри предлогот поддржан од САД за разоружување на Хезболах до крајот на годината претходно вчера. мс/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан