• четврток, 26 март 2026

Најмалку осум Палестинци убиени во израелски напад врз Газа

Најмалку осум Палестинци убиени во израелски напад врз Газа

Газа, 24 јули 2025 (МИА) - Најмалку осум Палестинци се убиени од утрово во израелско бомбардирање на централна Газа, соопштија медицински извори од болницата Ал-Акса и болницата Ал-Авда.

Најмалку двајца Палестинци беа убиени во израелски напад врз шатор за раселени лица во областа Ал-Маваси во губернијата Кан Јунис во јужна Газа, објави Ал Џезира.

Медицински извор изјави за порталот дека неколку лица се ранети во нападот. мс/

фото: ЕПА

Тагови

Остани поврзан