Најмалку осум луѓе загинаа во невремето во Бразил
- Во обилните дождови што предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во бразилската држава Рио де Жанеиро, загинаа осум лица, од кои шест деца, а 13 луѓе се водат како исчезнати

Рио де Жанеиро, 2 април 2022 година (МИА) - Во обилните дождови што предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во бразилската држава Рио де Жанеиро, загинаа осум лица, од кои шест деца, а 13 луѓе се водат како исчезнати.
Од невремето погоден е голем дел од југоисточното бразилското крајбрежје, додека обилни дождови врнат веќе два дена во градот Рио де Жанеиро.
Пред шест недели по поплавите и свлечиштата во Петрополис, во државата Рио де Жанеиро загинаа 233 лица. ми/