• четврток, 19 декември 2024

Најмалку осуммина загинати во несреќа во рудник во Кина

Најмалку осуммина загинати во несреќа во рудник во Кина

Пекинг, 12 јануари 2024 (МИА) – Осум лица загинаа, а 15 се водат како исчезнати во несреќа што денеска се случи во рудник за јаглен во градот Пингдингшан во кинеската провинција Хенан.

Во тек се спасувачки операции и истрага за причината за несреќата.

Прелиминарните податоци покажуваат дека несреќата се случила поради гас во рудник во сопственост на кинеската компанија Pingdingshan Tianan Coal Mining.

Според градската агенција за вонредни ситуации, осум лица загинале, а 15 се водат како исчезнати, а спасувачите контактирале со уште 22 лица кои се уште се во рудникот, јави Синхуа.

– Вкупно 425 лица работеа под земја кога се случи несреќата, а 380 од нив беа извлечени од рудникот, се вели во извештајот. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан