• вторник, 25 март 2025

Најмалку еден човек загина во американските напади врз позиции на Хутите

Најмалку еден човек загина во американските напади врз позиции на Хутите

Сана, 24 март 2025 (МИА) – Во вчерашните американски воздушни напади врз позиции на Хутите загина еден човек, а повредени се 13 лица, јави агенцијата контролирана од бунтовниците САБА.

Во нападите е погодена една зграда во главниот град на Јемен, Сана.

Хутите, исто така, известија за американски напади врз цели во областа на градот Саада, упориште на бунтовниците, пристаништето Ходеида во Црвено Море и провинцијата Мариб, каде се наоѓаат полињата со нафта и гас, кои сè уште се под контрола на сојузниците на централната јеменска влада во егзил.

САД веќе десетти ден бомбардираат цели во Јемен при што загинаа најмалку 53 лица.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 15 март презеде операција врз Хутите, само неколку дена откако јеменските бунтовници најавија дека повторно ќе преземат одмазднички напади врз израелски бродови кои минуваат низ Црвено и Арапско Море, теснецот Баб-ел-Мандеб и Аденски Залив, со што заврши периодот на релативен мир што почна во јануари со прекинот на огнот во Појасот Газа.

Хутите од ноември 2023 година до јануари годинава нападнаа повеќе од 100 трговски бродови во знак на поддршка со Палестинците поради војната во Појасот Газа. Хутите со проектили и дронови два брода, при што загинаа четворица морнари. Хутите нападнаа и американски воени бродови, но ниту еден од нив не беше погоден.

Поради нападите на Хутите беше нарушен глобалниот транспорт, а компаниите се принудени да бараат подолги и поскапи рути околу јужна Африка. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан