• понеделник, 23 декември 2024

Најекономичниот начин за возење по автопат

Најекономичниот начин за возење по автопат

Берлин, 9 мај 2023 (МИА) - Кој е најекономичниот начин за возење по автопат? Со кои брзини автомобилот е најштедлив? Тоа се често поставувани прашања меѓу возачите, но во оваа смисла, има правила кои се веќе докажани и стручно установени.

Така, за повеќето возила правило е да се вози до 90 километри на час и да се одржува брзината на моторот од 1.500 до 2.500 вртежи во минута. Тогаш потрошувачката е најниска, а оптоварувањето на моторот - најмало, пишува „Ревија ХАК“.

Во однос на брзината на автопат и економичноста на горивото, германската стручна автомобилска организација ТУВ (TÜV) препорачува брзина 70 до 80 отсто од максималната брзина - но таа не смее да надмине 130 км/ч. Ова правило (до 80 отсто од максималната брзина) важи за послабите автомобили коишто немаат голема максимална брзина. Затоа, автомобил со максимална брзина од 150 км/ч треба да остане во опсегот меѓу 105 и 120 км/ч. си/рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан