• петок, 05 декември 2025

Најдено починато лице во близина на пожар во кривопаланечко Лозаново

Најдено починато лице во близина на пожар во кривопаланечко Лозаново

Куманово, 9 јули 2025 (МИА) - СВР Куманово потврди дека полициските службеници од ОВР Крива Паланка, пронашле починато лице во близина на пожар во село Лозаново. Во моментов екипи на обвинителството вршат увид кој треба да ги покаже причините за настанување на смртта.

- Денеска од страна на полициски службеници од ОВР Крива Паланка во близина на пожар во село Лозаново, кривопаланечко било пронајдено починато лице. Во присуство на јавен обвинител се врши увид, соопшти СВР Куманово.

Претходно, градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски информираше Крива Паланка е зафатена со пожари кои се шират со голема брзина и повика на поддршка од властите и граѓаните, укажувајќи дека помош е неопходна за локализирањето и гасењето на пожарите. Во последната информација објавена на општината се наведува дека се ставени сите расположливи ресурси за справување со огнената стихија за заштита на населението и имотот и заради ветерот и временските услови ситуацијата е алармантна.

Во населбата Лозанови и село Градец, Крива Паланка, претпладнево избувнаа три шумски пожари кои поради силниот ветер се ширеа и приближија кон домовите на граѓаните. Покрај противпожарни екипи на Крива Паланка во интервенцијата се вклучени и екипи од Ранковце. ам/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан