• среда, 17 април 2024
Најави МКД

4 февруари 2023 

Скопје - Делегација на Собранието, предводена од Горан Мисовски, потпретседател на Собранието, во состав на Снежана Калеска-Ванчева и Љупчо Пренџов, по повод 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев ќе положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“. (9:00) 

Свежо цвеќе на вечното почивалиште на Гоце Делчев ќе положат и претседателот Стево Пендаровски, владина делегација предводена од претседателот на Владата на  Димитар Ковачевски, придружуван од прв заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите и министер за  политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и  министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Скопје – Пратеникот Скендер Реџепи - Зејд организира средба со граѓаните под слоганот „Отчет пред граѓаните“. (х. „Холидеј Ин“/ 19:00)

Скопје - Прес-конференција на Работничка партија (Пред Собрание/12:00)

Скопје – Концерт на Благој Нацоски „Вечер со Благој Нацоски: првите 20 години“. (Национална опера и балет/ 20:00) 

Велес – Започнува националната турнеја на Schwindel, првосоздадениот перформанс од низата во рамките на проектот „Танц.Трансформатор“ на Културно-уметнички центар „Битрикс“. (театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“/ 20:00) 

Тагови

Остани поврзан