• сабота, 02 ноември 2024

Најавен научно-фантастичниот хорор „Осмиот патник 9“

Најавен научно-фантастичниот хорор „Осмиот патник 9“

Лос Анџелес, 31 март 2023 (МИА) - Веќе некое време се навестува деветтиот филм од серијалот „Осмиот патник“ (Alien), што се одржува во живот, со повеќе или помалку успех, уште од 1979 година, кога се појави првиот дел од научно-фантастичниот хорор-филм, во режија на Ридли Скот, и влезе во историјата. Но, овде станува збор за современиот Холивуд кој денес функционира во голема мера на преработки, видоизменети приказни со иста основа и продолженија.

Меѓу потврдените глумци засега се Дејвид Џонсон, Арчи Рено, Спајк Ферн и Ејлин Ву. Ридли Скот овојпат ќе биде продуцент на филмот. Феде Алварез ја прифатил улогата на режисер.

Пред неколку години, само неколку месеци по „Осмиот патник: Завет“ (Alien: Covenant) на Скот, правата за филмот ги купи „Дизни“, компанија што, според критичарите, е во вечна потрага по идеи за искористување - додека не ги истроши „до непрепознатливост“.

Инаку, првиот филм стана класика, а седум години подоцна, во 1986, Џејмс Камерон, „на крилјата“ на успехот со „Терминатор“, реши да сними го сними и режира „Осмиот патник 2“ (Alienѕ) што ја подигна целата приказна на сосем ново ниво и според многумина - тоа е едно од најдобрите продолженија на сите време.

Рипли и Камерон ја претворија Сигурни Вивер во меѓународна ѕвезда и една од најголемите акциони хероини на сите времиња. Новиот проект сѐ уште е во претпродукција, но обожавателите се надеваат дека глумицата ќе се врати во приказната во обид да ја врати славата што серијалот ја имаше со првите два филма.  си/сд/

Фото: ИМДБ.

Остани поврзан