Најавени активности за изградба на нов кеј од десната страна на Вардар во Велес
- Попладнево Општина Велес излезе со соопштение во кое ги известува граѓаните на Велес дека утре 01 ноември (вторник) започнуваат подготвителните работи за отпочнување на градежните активно
Велес,31 октомври 2022(МИА) - Општина Велес соопшти дека утре 01 ноември (вторник) стартуваат подготвителните работи за почнување градежни активности за изградба на дел од кејот од десната страна на Вардар, на потегот од нов мост „Гемиџии“ до Мало мовче.
- За непречено одвивање на градежните работи се замолуваат граѓаните да ги отстранат возилата од двете страни на улицата „Ѓоре Органџиев“, најдоцна до 07:30 часот и да не паркираат возила на тој потег, потенцираат од Општина Велес.
Во Велес пред 20 години е изграден кеј на левата страна на Вардар односно левата страна од Велес. Овој на десната ќе биде на потег од Мало Мовче до Новиот мост „Гемиџии“,а со 407 572 евра ќе се гради со Европски пари преку проект кој е во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка со Р. Грција. Во септември годинава Општината потпиша договор, кејот да го гради градежната фирма Делта –Пром ИНГ од Велес. ад/сх/