• петок, 05 декември 2025

Јавна дискусија за урбаниот опфат на ГУП Скопје за Општина Центар

Јавна дискусија за урбаниот опфат на ГУП Скопје за Општина Центар

Скопје, 18 август 2025 (МИА) - Јавна дискусија за просторот во урбаниот опфат на Генералниот урбанистички план на град Скопје за територијата на Општина Центар ќе се одржи денеска во салата на Советот на Град Скопје (барака број 13), во периодот од 10 до 13 часот.

-Граѓаните можат да дадат свои предлози мислења и забелешки за време на јавната дискусија, а истите можат да ги достават и писмено во архивата на Град Скопје (барака број 16) или електронски на адресата gup@skopje.gov.mk, велат од Град Скопје.

Од Градот ги повикуваат сите заинтересирани граѓани и претставници на заедницата активно да се вклучат во овој процес од јавен интерес.

Град Скопје, појаснуваат оттаму, во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира јавни дискусии со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот. сст/са/

Фото МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан