• петок, 15 ноември 2024

Хуманитарен настан за помош на Никола Ѓорѓиев во ООУ „Лазо Трповски“

Хуманитарен настан за помош на Никола Ѓорѓиев во ООУ „Лазо Трповски“

Скопје, 8 април 2023 (МИА) - Хуманитарен настан под мотото „Веселиот панаѓур за малите и искрени срца“ ќе се одржи денеска на пладне во дворот на ООУ „Лазо Трповски“ во општина Карпош.

- Целта на настанот е да се соберат средства за понатамошно лекување на 19-годишниот Никола Ѓорѓиев, дете без родители, на кое му е дијагностициран канцер на коските. Идејата на настанот е преку игра, музика, забава и едукација на најмладите (цртање, изработка на ракотворби, мини зоолошка градина, едукација за правилно одржување лична и орална хигиена, мини базар и сл.) да се помогне за да се спаси еден млад живот, соопшти општина Карпош.

Организатори на настанот се Општина Карпош и друштвото за маркетинг „Фанки Макси“. мд/лв/

Остани поврзан