Хуманитарен викенд на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија
- (најава) Под мотото „Да помогнеме“, издавачката куќа „Арс Ламина“, во соработка со книжарниците „Литература.мк“, организира хуманитарен викенд за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. На 18 и 19 февруари, во сите книжарници на „Литература.мк“, целиот приход од продадените книги од македонски автори, кои се во издание на „Арс Ламина“, ќе биде пренаменет за донација на погодените подрачја.

Скопје, 18 февруари 2023 (МИА) - Под мотото „Да помогнеме“, издавачката куќа „Арс Ламина“, во соработка со книжарниците „Литература.мк“, организира хуманитарен викенд за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. На 18 и 19 февруари, во сите книжарници на „Литература.мк“, целиот приход од продадените книги од македонски автори, кои се во издание на „Арс Ламина“, ќе биде пренаменет за донација на погодените подрачја.
-Во овие тешки мигови, наша општествена и морална одговорност е да подадеме рака и да бидеме луѓе за оние на кои тоа е најмногу потребно. Ве повикуваме да се приклучите кон акцијата и со секое купено издание од македонски автори во издание на „Арс Ламина“ да помогнете на настраданите. „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ ќе продолжат со својата хуманитарна мисија, секогаш подавајќи рака на оние на кои им е потребна помош, се наведува во најавата за хуманитарниот викенд. мч/дма/