• понеделник, 23 декември 2024

Форум на занаетчии и основање асоцијација на занаетчиски комори на Западен Балкан

Форум на занаетчии и основање асоцијација на занаетчиски комори на Западен Балкан

Скопје, 17 ноември 2023 (МИА) - Занаетчиската комора на Република Северна Македонија, со поддршка на Министерство за економија, преку проект за промоција на занаетчиството и зајакнување на соработката со партнерите денеска организира форум на тема „Занаетчиството како важен дел на економијата и неговата визија за создавање на квалификувана работна сила во Република Северна Македонија“.

На форумот ќе учествуваат претставници од министерства, од локалната самоуправа, коморите, од центрот за стручно образование и обука на меѓународно и национално ниво, како и представници од ЕУ, вклучени во процесот на креирање на политиките за пазарно-ориентирано стручно образование и обука.

Предвидени се две панел дискусии: „Иднината на занаетчиството- Важноста на политиките при обезбедувањена поддршка на занаетчиите“ и „Креирање на поконкурентно деловно опкружување за занаетчиството“.

Комората најавува и потпишување декларација на занаетчиските комори од регионот кои ќе основаат асоцијација на занаетчиски комори на Западен Балкан.

-Проектот ќе биде финансиран од ЕУ и ќе ја покаже нашата заложба за подигање на свеста и за придонесување во креирањето на политиките за значењето на занаетчиството на национално и локално ниво, како и за подобрување и унапредување на положбата на занаетчиските комори на Западен Балкан, согласно европските препораки и директиви од оваа област, наведува Занаетчиска комора на Република Северна Македонија. мч/лв/

фото: МИА архива

Остани поврзан