Потпишување меморандум за соработка меѓу членките на Форумот на граѓански организации на помалубројните заедници
- Асоцијација Иницијатива за социјална промена - ИнСоК од Гостивар во партнерство со Центарот за интеграција и поддршка - ЦИП од Скопје и Здружението за права и хуманост ИНТЕГРА НАУ од Скопје денеска ќе ја одржи третата средба на која формално ќе се потпише меморандум за соработка меѓу членките на Форумот на граѓански организации на помалубројните заедници како дел од целите на акцијата „Коалиција на граѓански организации – Форум на помалубројните заедници во Република Северна Македонија“, проект финансиски поддржан од Цивика мобилитас
Скопје, 16 март 2023 (МИА) - Асоцијација Иницијатива за социјална промена - ИнСоК од Гостивар во партнерство со Центарот за интеграција и поддршка - ЦИП од Скопје и Здружението за права и хуманост ИНТЕГРА НАУ од Скопје денеска ќе ја одржи третата средба на која формално ќе се потпише меморандум за соработка меѓу членките на Форумот на граѓански организации на помалубројните заедници како дел од целите на акцијата „Коалиција на граѓански организации – Форум на помалубројните заедници во Република Северна Македонија“, проект финансиски поддржан од Цивика мобилитас.
Како што наведува ИНТЕГРА НАУ, проектот ќе придонесе за подобрување на општественото опкружување во кое функционира и се развива граѓанскиот сектор, за намалување на политизирањето во општеството, ќе ја зајакне мултикултурната соработка и кохезија, како и социјалната инклузија. Ќе се градат механизми за јакнење на меѓусекторска соработка на граѓанскиот сектор и институциите на државата за развивање на меѓу-граѓанска доверба и намалување на социо-економската поларизираност на локално и национално ниво.
Пред денешната трета средба се одржаа две подготвителни средби на кои повеќе граѓански организации ги воспоставија основите на Форумот на граѓански организации од немнозинските заедници. мч/ев/
фото: Коалиција на граѓански организации - Форум на помалубројните заедници