• сабота, 20 април 2024

Учесниците на 54. Светска галерија на карикатури и на Остен биенале на цртеж Скопје 2022 на прием кај Пендаровски

Учесниците на 54. Светска галерија на карикатури и на Остен биенале на цртеж Скопје 2022 на прием кај Пендаровски

Скопје, 23 февруари 2023 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе приреди прием за меѓународните учесници на 54. Светска галерија на карикатури - Скопје 2022 и на Остен биеналето на цртеж Скопје 2022.

Во претседателскиот Кабинет денеска ќе биде поставена и изложба на најуспешните карикатури од досегашните 54 изданија на Светската галерија на карикатури.

Годинашната изложба на дела од 54. Светска галерија на карикатури на Остен и на Остен биеналето на цртеж Скопје 2022 беше отворена синоќа во Чифте амам при Националната галерија. Изложбата беше збогатена со доделување на награди и признанија за најуспешните уметници.

На изложбата на 54. Светска галерија на карикатури - Скопје 2022 се поставени дела на наградените и селектираните карикатуристи, додека на Остен биеналето, на кое учествувале 336 уметници од 52 земји со 1056 дела, изложени се дела на наградени и селектирани уметници. бт/са/

Остани поврзан