• сабота, 06 јули 2024

Утринава без струја голем дел од Тетовскиот Регион

Утринава без струја голем дел од Тетовскиот Регион

Скопје, 1 октомври 2023 (МИА) - ЕВН информира дека денеска, во раните утрински часови, во период од 03:00 до 09:00, без струја ќе биде голем дел од Тетовскиот Регион. Електричната енергија ќе биде исклучена поради инвестициски зафат од страна на енергетската компанија МЕПСО.

Во утринските часови без струја ќе бидат Боговиње, Сиричино, Камењане, Јеловјане, Џепчиште, Долно Палчиште, Брвеница, Горно Седларце, Горно Палчиште, Ѓермо, Синичане, Гургурница, Желино, Голема Речица, Раковец, Милетино, Урвич, Ратае, Челопек, Порој, Мала Речица, Сараќино, Ново Село Шар, Блаце, Жилче, Шемшево, Долно Седларце, цела општина Желино и цела општина Тетово. ир

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан