• среда, 10 јули 2024

„Урбан Фм фестивал“ во Градскиот парк во Скопје

„Урбан Фм фестивал“ во Градскиот парк во Скопје

Скопје, 9 јуни 2024 (МИА) - „Урбан Фм фестивал“ ќе се одржи денеска на отворено, пред стадионот во Градскиот парк во Скопје, на познатата „Вембли точка“. Ќе почне од 17 часот и ќе трае до полноќ, информираат организаторите.

Како што е најавено, целата програма ќе биде емитувана во живо на радиската фреквенција 90.8 на „Урбан Фм“.

- До големата сцена ќе биде поставено мобилно радиско студио, каде тимот на „Урбан Фм“ ќе ја емитува својата програма во живо, за сите да имаат можност да уживаат во фестивалската магија како на лице место, така и на нашата радиска фреквенција, се појаснува во соопштението.

Според најавата, сцената ќе биде промоција на млади и талентирани артисти од нашата држава. бд/сст/

Фото: „Урбан Фм“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан