• недела, 22 декември 2024

Трибина во Прилеп за превенција на болеста чума кај малите преживари

Трибина во Прилеп за превенција на болеста чума кај малите преживари

Скопје, 29 октомври 2024 (МИА)  - Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка (АХВ) и Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје денеска во Прилеп организираат трибина за превенција на болеста чума кај малите преживари.

Учесници на трибината ќе бидат членовите на Локалниот центар за контрола на болести, официјални ветеринари и претставници на институции со кои АХВ соработува во услови на криза.

-На трибините ќе биде презентирана моменталната состојба со болеста во земјава, соседството, во Европа и во светски рамки, мерките кои се преземаат за спречување на нејзина појава и ширење кај нас, во Европа и во светот, како и состојбата и капацитетноста на лабораториите за испитување на мостри за детектирање на болеста чума кај малите преживари, соопшти АХВ. хс/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан