„Тоа сме ние“ – книжевно читање на новата генерација
- Настанот ќе започне во 20 часот и ќе вклучи настапи на десет млади автори од новата книжевна генерација, меѓу кои Ивана Јовановска, Моника Стојановска, Ива Петреска и други.

Скопје, 13 ноември 2024 (МИА) - Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ денеска во Младинскиот културен центар организира книжевно читање „Тоа сме ние“.
Настанот ќе започне во 20 часот и ќе вклучи настапи на десет млади автори од новата книжевна генерација, меѓу кои Ивана Јовановска, Моника Стојановска, Ива Петреска и други.
„Култура Бета“ најавува дека настанот ќе биде потсетник за ослободувањето на книжевната сцена во чест на Денот на ослободувањето на Скопје. ар/нд/
Фото: Култура Бета