• сабота, 09 ноември 2024

Спасовски на Сараевскиот миграциски дијалог 3 во Босна и Херцеговина

Спасовски на Сараевскиот миграциски дијалог 3 во Босна и Херцеговина

Скопје, 7 јуни 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска и утре предводи делегација од Министерството за внатрешни работи во работна посета на Босна и Херцеговина, на покана на министерот за сигурност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, за учество на Сараевскиот миграциски дијалог 3.

Како што соопшти МВР, Спасовски ќе оствари билатерална средба со босанскиот колега Нешиќ и ќе даде изјава за босанските медиуми.

Спасовски ќе се сретне и со македонската дијаспора во Башчаршија, а на покана од амбасадорката на Шведска во Сараево, Јохана Строквист, тој ќе присуствува на прием по повод Националниот ден на Шведска.

Следниот ден министерот Спасовски ќе се обрати на Министерска сесија во рамки на Сараевскиот миграциски дијалог 3. нд/дма/

Остани поврзан