• сабота, 28 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сончево со умерена облачност, нестабилно приквечер и во текот на ноќта

Сончево со умерена облачност, нестабилно приквечер и во текот на ноќта

Скопје, 17 април 2025 (МИА) - Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи.

Според прогнозата на УХМР, процесите ќе бидат поинтензивни кон крајот на денот и во текот на ноќта, кога наместа ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 24 степени.

- Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло. Од почетокот на следната седмица повторно ќе настапи дестабилизирање на времето со повремени врнежи од дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. хс/бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан