Сончево и топло со мала локална облачност
- Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Скопје, 29 март 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Како што соопштија од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата. цр/са/
Фото: МИА архива