• четврток, 26 март 2026

Собранието треба да продолжи со работа по 67. пленарна седница

Собранието треба да продолжи со работа по 67. пленарна седница

Скопје, 3 септември 2025 (МИА) - Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да продолжи со работа по 67.та седница на чиј дневен ред се останати уште четири неразгледани законски решенија. 

Пратениците ќе треба да се изјаснат по Предлог-измените на Законот за исплата на плати, Законот за решавање банки и Законот за финансиски инструменти.

На дневен ред на седницата е и Предлог-законот за средно полициско училиште. бак/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан