• недела, 21 јули 2024

„Семејство“ - дипломска претстава на студентите на ФДУ

„Семејство“ - дипломска претстава на студентите на ФДУ

Скопје, 25 март 2023 (МИА) - На сцената на Драмски театар Скопје вечер од 20 часот ќе биде изведена  претставата „Семејство“  од  Роналд Харвуд, дипломска претстава на студентите на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во класа на проф. Зоја Бузалковска и доц. Александар Степанулески.

Драмски театар соопшти дека ја продолжува традицијата за поддршка и промовирање на помладите колеги студенти и дипломци на ФДУ.

-Претставата со мотото „Семејствата се добри затвори“ на интересен начин ни ги пренесува семејните релации. Освен на академската сцена на ФДУ, со оваа претстава младите актери гостуваа на МТФ „Војдан Чернодрински“, а во најава се и неколку нови гостувања на сцените на македонските театри, наведува театарот.

Во претставата играат: Мартин Ѓоргоски, Сара Спиркоска, Лазар Христов, Ања Митиќ, Леонардо Лазов, Анастасија Величковиќ, Стефан Николовски, Нела Павловска и Јана Вељановска. хс/бак/

Фото: Драмски театар Скопје 

Остани поврзан