Свечена академија „Завет кој обврзува” по повод 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба
- По повод државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба денеска со почеток во 13 часот во Музејот на македонската борба за самостојност ќе се одржи Свечена академија под слоганот „Завет кој обврзува” на која што свое обраќање ќе има претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски.
Скопје, 23 октомври 2024 (МИА) - По повод државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба денеска со почеток во 13 часот во Музејот на македонската борба за самостојност ќе се одржи Свечена академија под слоганот „Завет кој обврзува” на која што свое обраќање ќе има претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски.
На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.
Кулминација на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија. ар/нд/
Фото: МИА архива