„Роботика – иновации кои го менуваат светот“ во рамки на Глобалната недела на претприемништво 2025
- Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска ќе присуствува на отворање на настанот во рамки на Глобалната недела на претприемништво 2025, на тема „Роботика – иновации кои го менуваат светот“.
Скопје, 17 ноември 2025 (МИА) - Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска ќе присуствува на отворање на настанот во рамки на Глобалната недела на претприемништво 2025, на тема „Роботика – иновации кои го менуваат светот“.
Настанот, кој е во организација на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, ќе ги промовира иновациите, роботиката и технолошкиот развој, со учество на претприемачи, компании, институции и млади иноватори. мд/aa/
Фото: Плакат